Русија потпиша договори за воена соработка со повеќе од 40 африкански земји, објави денеска во Санкт Петербург рускиот претседател Владимир Путин.
Тој го објави ова на вториот и последен ден од вториот самит Русија-Африка, велејќи дека „развиваат партнерства во воена и воено-техничка соработка со повеќе од 40 африкански земји за зајакнување на одбранбените капацитети на земјите“.
Африканските држави добија широк спектар на оружје и технологија, некои бесплатно.
– Некои од овие испораки се обезбедени на бесплатна основа со цел да се зајакне безбедноста и суверенитетот на земјите – рече Путин.
Претставниците на африканските земји се поканети активно да учествуваат на воените форуми организирани од Русија кои се занимаваат со техничките аспекти на оружјето, како и маневри за запознавање со опремата и нејзината употреба.
Путин, исто така, најави дека Русија ќе им помогне на земјите во нивните напори да се ослободат од „трагите на колонијализмот“.
Лидерот на Кремљ повтори дека Русија ќе продолжи да биде сигурен снабдувач на жито за земјите од континентот