Градоначалничката на општина Скопје, Данела Арсовска и градоначалникот на градот Рим, Роберто Гуалтиери денеска во Скопје потпишаа Меморандум за воспоставување соработка, пријателски односи, заеднички активности, размена на искуства од областа на културата и животната средина, како и изнаоѓање решенија за социо-економските предизвици.
Со Меморандумот Скопје и Рим ќе поддржат и поттикнуваат меѓусебна поддршка на иницијативи насочени кон соработка и развој во областа на урбанизмот, урбаната регенерација, заштитата на животната средина, културата и иницијативите за соработка и развој во областа на инклузијата и иновациите.
„Градоначалничката Арсовска на денешната средба го информираше градоначалникот Гуалтиери за активностите на Град Скопје во рамките на кандидатурата на Скопје за престижната титула престолнина на европската култура и ја истакна поддршката на Скопје за кандидатурата на Рим за Експо 2023“, информираат од општина Скопје.