Потпишан меморандум за соработка со „Метаморфозис“ за работата на Претседателскиот центар за политичко образование

 Претставници од Кабинетот на Претседателот на Република Северна Македонија и фондацијата за интернет и општество „Метаморфозис“ – Скопје денеска потпишаа меморандум за соработка за поддршка на активностите на Претседателскиот центар за политичко образование.

Меморандумот го потпишаа гнералниот секретар на кабинетот, Миле Бошњаковски и извршниот директор на фондацијата, Бардил Јашари.

Со потпишаниот меморандум за соработка е предвидена поддршка на Кабинетот на претседателот во реализација на активности на тема отпорност на дезинформации во рамки на Претседателскиот центар за политичко образование, чија работа се одвива под покровителство на претседателот Стево Пендаровски.

Согласно меморандумот, соработката ќе се одвива со заедничка реализација на активности и настани, спроведување на истражувања, подготовка на анализи, организирање на едукативни семинари, јавни дебати и конференции, како и други активности со цел јакнење на капацитетите, соопшти кабинетот на шефот на државата.