Потрошил цело богатство за да ,,стане” куче: Познатиот Јапонец за првпат даде интервју, а сега откри зошто го крие својот идентиитет (видео)
Јапонец со прекар Токо потрошил повеќе од 14.000 евра на костим за Шкотски овчар со цел да го исполни детскиот сон и да го запознае светот од перспектива на животното.
На социјалните мрежи се појави пред една година, а оттогаш собра армија обожаватели кои ги следат случувањата во неговиот живот.
Токо реши да ги „почасти“ фановите, па своето прво интервју го даде за шпанската новинска агенција ЕФЕ.
Тој во ексклузивно интервју откри детали од својот живот, а одговори и на можеби најважното прашање – зошто го крие идентитетот.
,,Сакав да станам куче од кога се сеќавам. Го избрав костимот на Шкотски овчар затоа што изгледа веродостојно“, изјави претходно Токо.
Сега истакнува дека добива многу фанови кои сакаат да тргнат по неговите стапки.
„Добивам различни пораки, а многу од нив се позитивни. Луѓето ми велат дека сакаат да носат костим за да изгледаат како куче. Тоа значи дека има луѓе како мене на овој свет“.
Идентитетот на Јапонецот во иднина ќе остане скриен, бидејќи не сака неговите колеги од работа да дознаат за неговото необично хоби, пренесува LadBible.
,,Многу луѓе мислат дека е чудно што сакам да бидам куче. Поради оваа причина, нема да го покажам моето лице“.
Се огласи и претставник на компанијата Цепет, која го изработи костимот на Шкотскиот овчар.
„Скелетните структури на луѓето и кучињата немаат сличности, па затоа потрошивме многу време на решавање на проблемот. Освен тоа, собравме многу материјал кој ни помогна да создадеме верна копија од крзното на Шкотскиот овчар“, објасни тој.