Почестите на гробот на Навални не престануваат, илјадници Руси им пркосат на законите на Путин

Алексеј Навални беше погребан вчера во руската престолнина Москва.

Поранешниот руски дисидент и жесток критичар на Владимир Путин беше погребан вчера, а илјадници присуствуваа на неговиот погреб.

И денеска имаше долги редици луѓе кои се поклонија на гробот на 47-годишниот.

На социјалните мрежи се објавени многу видеа, каде во некои случаи се гледаат руски полицајци како ги туркаат луѓето да се движат побрзо.

Нагласуваме дека во текот на вчерашниот ден толпата извикуваше „Путин е убиец“ додека се собираше на погребот на Навални.

Потсетуваме, руските власти предупредија дека собирите за погребот на поранешниот руски опозиционер се незаконски.

Инаку, Навални почина на 16 февруари во руски затвор, каде што издржуваше неколку казни по измислени обвиненија.