ПОЧЕТОК НА ГОЛЕМ ПРЕСВРТ !? Една од клучните земји-членки на ЕУ постави услов за воена помош за Украина: Заспаниот “руски играч“ се разбуди ?
Говорејќи пред италијанскиот парламент, министерот за одбрана на Италија, Гидо Кросето, кажа дека во иднина воената помош за Украина треба да биде поврзана со „договор од преговори“.
Пораката на Гидо Кросето за „стратегија во два правци“ – продолжување на финансирањето на воената помош заедно со мировни преговори – е најсериозната официјална промена на позицијата досега на важен политичар од трите најголеми членки на ЕУ, кои всушност ги дефинираат преовладувачките тонови на заедничките политики на ЕУ.
„Мора да бидеме реални, не можеме да ја игнорираме воената ситуација на терен… Времето ни кажува дека треба да имаме ефективни дипломатски дејствија“, изјави Гидо Кросето, инаку поранешниот претседател на Федерацијата на италијанските одбранбени и безбедносни компании, т.е. бизнисмен кој влезе во политиката како демохристијанин, за да промени голем број партии и италијански политички движења.
По инвазијата на Украина, тој, заедно со актуелната премиерка на Италија, Џорџија Мелони, беше еден од најгласните во поддршката на Володимир Зеленски и критикувањето на Владимир Путин. Тешко дека некој може да каже дека е „руски играч“.
Потегот на Гидо Кросето, објективно кажано, е очекуван. Беше само прашање на време кога некој важен од врвот на политиката во големите земји-членки на ЕУ ќе реши да направи важен чекор напред и да пренесе порака за потребата да се запре акумулацијата на човечки жртви и уништувања.
Financial Times со умерен тон го опишува контекстот на неговата изјава, иако во суштина тоа е сензационален пресврт.
„Италија долго време се сметаше за мост меѓу Русија и Западна Европа, со оглед на силните односи на италијанската комунистичка партија со Советскиот Сојуз за време на Студената војна. Кога Москва започна целосна инвазија на Украина во 2022 година, многумина стравуваа дека Рим може да се покаже како слаба алка, особено по неочекуваниот пад на Владата на поранешниот премиер Марио Драги, настан во кој многу Италијанци се посомневаа дека во позадина стојат Руси. Но, Џорџија Мелони, десничарка и премиер кој го наследи Марио Драги, остро ја осуди руската агресија и го поддржа Володимир Зеленски, претседателот на Украина. Гидо Кросето инсистираше на тоа дека неговиот повик за дипломатија не го одразува слабеењето на поддршката на Рим за Киев или неговата решеност да постигне ‘праведен мир’ и предупреди дека напуштањето на Украина ќе има големи последици за европската безбедност“, пишува Financial Times.
Може да се очекува дека во наредните недели ќе се зголеми бројот на слични изјави на европските политичари.