На 80-годишна возраст почина Мануел Руиз де Лопера, поранешниот претседател на Бетис од Севиља. Тој беше на чело на познатиот фудбалски клуб речиси две децении, од 1992 до 2010 година.
Најголемиот успех се случи во 1995 година кога зелено-белите го освоија Купот на Шпанија, а две години подоцна следуваше второто место во Ла Лига.
Исто така, со Де Лопер на кормилото, Бетис за првпат играше во Лигата на шампионите, тоа се случи во 2005 година.
Поради затајување данок и финансиски малверзации во клубот, во 2006 година беше осуден на седум и пол години затвор и парична казна од 44 милиони евра.
Де Лопера потоа мораше да го продаде речиси целиот свој имот за да ја плати казната.