Починаа близнаците родени пред само три недели во прилепско

Во Прилеп починаа близнаци родени пред само три недели. Јавниот обвинител од прилепското обвинителство нареди обдукција за да се утврдат причините за нивната смрт.

Според обвинителот Стевчо Биноски, новороденчињата биле во тешка здравствена состојба.

„Семејството во село Славеј побара итна помош. Близнаците биле во тешка состојба. Екипата на итната помош штотуку пристигнала констатирала смрт на едното бебе, додека другото бебе во тешка состојба било испратено во прилепската болница каде починало“.

„Семејството живее во исклучително лоши услови и има уште три деца. Наредив обдукција за да се утврдат причините за смртта. Известени се надлежните, вклучително и Центарот за социјална работа од Прилеп“, соопшти јавниот обвинител.