Починатата мајка на Еминем: Раперот е обземен од болка поради заминувањето на неговата сакана (фото)
Деби Нелсон, мајката на познатиот рапер Еминем, почина на 69-годишна возраст, објави ТМZ. Нелсон, наводно, починала во понеделникот на 2 декември по битка со напреднат рак на белите дробови, кој и’ бил дијагностициран во септември оваа година.
Претставниците на Еминем (52) не одговорија веднаш на барањата на медиумите за коментар. Нивната врска беше позната по турбулентните моменти, но во последните години од животот Нелсон ги следеше и ги поддржуваше успесите на нејзиниот син.
Кога Еминем беше примен во Куќата на славните во 2022 година, неговата мајка му испрати јавни честитки преку социјалните мрежи.
„Маршале, сакам да ти кажам дека не можев да дозволам овој ден да помине без да ти честитам за приемот во Куќата на славните“, рече тогаш таа во видео пораката која во меѓувреме беше избришана.
Таа додаде: „Те сакам многу. Знаев дека ќе успееш. Беше долго патување. Многу сум горда на тебе“.
За потсетување, отуѓениот татко на Еминем, Маршал Брус Матерс Џуниор, почина во 2019 година на 67-годишна возраст. Смртта на Деби Нелсон означува уште една емотивна загуба во животот на раперот, кој често се справуваше со комплицираниот однос со родителите преку музика.