Почина авторот на хитот „Volare“: Италија со солзи се збогува со легендарниот пејач (видео)

Авторот на стиховите на легендарниот хит ,,Volare”, Франко Милачи, почина на 92-годишна возраст, објавија денеска италијанските медиуми.

Како што пренесува ,,Pепублика”, Милачи починал за време на престојот во ромска клиника.

Како што пренесува Анса, заедно со Доменико Модуња, во 1958 година го напишал текстот на песната „Nel Blu Dipinto di Blu“, попозната под насловот ,,Volare”.

Покрај сето тоа, работеше на радио и телевизија, а имаше и голем успех како музички продуцент и ,,ловец” на таленти.