Почина Боби, најстарото куче на светот – начинот на кој преживеал при раѓањето го одредил да биде посебен

Тој живеел 31 година и 165 дена, додека животниот век на неговата раса е помеѓу 12 и 14 години.

Кучето Боби од португалско село, инаку најстарото куче на светот и рекордер на Гинис, почина пред два дена на 32-годишна возраст. 

Оваа тажна вест беше објавена денеска на веб-страницата на Гинисовата книга на рекорди.

– Боби живееше 31 година и 165 дена. Тој почина вчера, на 21 октомври, во својата куќа во португалското село Конкеирос, каде што цел живот живееше со семејството Коста – се вели во соопштението.

Боби влезе во Гинисовата книга на рекорди како куче со најдолг животен век во февруари 2023 година, кога имаше повеќе од 30 години. И тогаш собори рекорд стар век.

Неговиот датум на раѓање е автентичен и е потврден од SIAC, базата на податоци за домашни миленици на португалската влада, управувана од националниот ветеринарен сојуз.

Боби пристигна на светот на 11 мај 1992 година, со уште три кученца, во дрвена барака во селото Конкеирос, во централна Португалија, во семејството Коста.

Бидејќи ова семејство веќе имаше многу животни, сопствениците решија да се ослободат од кученцата додека нивната мајка Гира беше надвор, рече Леонел Коста, тогаш осумгодишно момче.

Сепак, Костес превиди едно куче. Никој не знаеше за него освен Гира која постојано се враќаше во бараката. Единствените кои го забележале тоа биле Леонел и неговата сестра.

Тажни за другите младенчиња, тие решија да го чуваат кучето во тајност додека не стане доволно силно да ги отвори очите.

 

И така Боби преживеа и живееше за да стане најстарото куче досега.

Инаку, за неговата раса, овчарското куче Алентехо, просечниот животен век е меѓу 12 и 14 години, објави Спутник.