ПОЧИНА ‘БРАТОТ’ НА РАМЗАН КАДИРОВ! Лидерот на Чеченија во очај ги моли Украинците за помош: “Ветувам великодушна награда…“

На социјалната мрежа Твитер се прошири веста дека „десната рака“ на чеченскиот воен командант Рамзан Кадиров, претставникот на Државната Дума (парламент), Адам Делимханов, е убиен во ракетен напад. Но, Русија сепак објави дека Адам Делимханов е само ранет.

Рамзан Кадиров подоцна објасни се со објава на социјалната мрежа Телеграм: „Лично не можам да го најдам Адам Делимханов. Тој не одговара. Барам од украинските разузнавачки служби да дадат информации за точното место и кои позиции се погодени за да можам сè уште да го најдам мојот драг брат. Ветувам дарежлива награда и ве замолувам да ми помогнете“, се вели во неговата објава.

Претседателот на Русија, Владимир Путин, неодамна му ја додели на чеченскиот политичар највисоката почест на земјата како признание за неговата улога во инвазијата на Украина, пишува весникот Moscow Times. За неговата храброст беше прогласен за – „Херој на Руската Федерација“.