ФОТО | Протече последната фотографија на Силвио Берлускони – изгледа сосема поинаку од човекот што сме навикнати да го гледаме, погледнете!

Италијанските медиуми ја објавија последната фотографија од поранешниот премиер Силвио Берлускони, пред да биде примен во болницата „Сан Рафаеле“ минатиот петок, каде што почина во понеделникот наутро.

Фотографијата е направена во еден од неговите омилени локали во Милано. На неа Силвио Берлускони прегрнува момче, односно синот на сопственикот на барот, пишува весникот La Stampa. Силвио Берлускони е насмеан на фотографијата, иако изгледа сосема поинаку од човекот што сме навикнати да го гледаме.

Изеде неколку сладоледи бидејќи надвор беше жешко. Се шегуваше со сите, како и секогаш“, изјавил сопственикот на барот „Maximilian Bistrot di Milano 2“, Масимилијано Албанезе, еден од последните луѓе што го видел Силвио Берлускони на петок попладне минатата недела, пред неговиот прием во болницата.

Основачот на Mediaset и партијата Форца Италија бил придружуван при неговата последна посета на неговото омилено место што тој самиот го изгрдаил меѓу 1970-тите и 1980-тите години, кога „владееше“ со недвижностите. Силвио Берлускони побарал маса со поглед на познатото „лебедово езеро“, симболот на Милано.

Да потсетиме, Силвио Берлускони, поранешниот италијански премиер, почина во болница во Милано на 86-годишна возраст. Медиумскиот магнат, поранешниот сопственик на фудбалскиот клуб Милан, еден од најуспешните во Европа и светот, на почетокот на април беше примен во болница поради белодробна инфекција поврзана со претходно неоткриен случај на хронична леукемија. Силвио Берлускони прв пат стана премиер во 1994 година и водеше четири влади до 2011 година. Неговиот живот го одбележаа и секс скандали и разни обвинувања за корупција.