Илон Маск ѝ понуди на Википедија милијарда долари и има само еден услов: „Сакам да го смените името вака…“ (фото)

Директорот на Тесла и сопственик на социјалната мрежа Икс, најави дека е подготвен на онлајн енциклопедијата да и’ даде донација од дури една милијарда долари доколку сајтот го смени името од Википедија во Дикпедија.

Ќе им дадам милијарда долари ако го сменат името во Дикпедија“, напиша Маск, мислејќи на машките гениталии.

,,Ве молам додајте го тоа на мојата вики страница. Во интерес на точноста“, напиша контроверзниот милијардер.

Новинарот Ед Красенштајн подоцна се огласи и ја охрабри Википедија навистина да ја направи бараната промена.

,Направи го! Секогаш можете да го вратите старото име кога ќе ги соберете парите“, предложи Красенштајн.

,,Но, тоа ќе мора да биде најмалку една година. Мислам, не сум глупав“, одговори Маск.

Предлогот на Маск е надоврзување на критиките на милијардерот за Википедија бидејќи, според него, страницата бара премногу пари.

Тие пари секако не се потребни за водење на Википедија. Па, можете буквално да ја копирате целата работа на вашиот телефон. Па за што се тие пари? Љубопитните умови сакаат да знаат“, напиша Маск.

Но, тој не мораше долго да чека за одговор. Забелешките за заедницата на Википедија наведуваат дека организацијата се справува со „повеќе од 25 милијарди прегледи на страници месечно“ и има „повеќе од 44 милиони записи месечно, што бара значителни финансиски ресурси“.

Исто така, се наведува дека Фондацијата Викимедија вработува надворешни финансиски ревизори чии извештаи се достапни на јавноста.

Ова не е прва ,,војна” меѓу Илон Маск и Википедија. Во мај, ко-основачот на Википедија, Џими Велс, го критикуваше Маск за неговата одлука да ограничи одредени содржини на платформата Х пред претседателските избори во Турција, според Business Insider.

Потоа, исто така, беше кажано дека социјалната мрежа почнала почесто да се усогласува со барањата на владата за цензура и надзор, бидејќи ја управувал Илон Маск.

Во 2018 година, Маск објави на Твитер дека сака да создаде веб-страница наречена Правда, каде што јавноста ќе може да ја оцени вистинитоста и кредибилитетот на новинарите, уредниците и нивните објави.