Протест и блокада на земјоделците од Овче Поле

Земјоделците од Овчеполскиот регион го блокираа регионалниот пат Велес-Штип кај крстосницата кон Свети Николе. Тракторите, земјоделската механизација ги поставија на кловозната лента. Земјоделците велат дека едно и единствено барање е да добијат вода во системот за наводнување, со цел да ги спасат своите земјоделски култури.

-Министерот со директорите да дојдат и да ни кажат зошто во годината кога Калиманци прелива ние немаме вода за наводнување, но и да ни кажат дали е вистина дека е донесено одлука за зголемување на наплата за водарина, вели Митре Николов, земјоделец.

Земјоделецот Златко Здравсковски дополни дека е донесена и одлука водарината да се зголеми за 78 проценти, а тие немаат вода до нивните ниви.

Пред неколку дена, земјоделците од Овчеполскиот регион добија ветување дека вода ќе пристигне во овој регион и дена наводнувањето ќе се одвива согласно планот и потпишаната спогодба меѓу ХС Водостопанство „Брегалница“ и земјоделското здружение „Овчеполски аграр“. Посочуваат дека нема доволен доток на вода и притисок за да ги наводнуваат површините со пченка, детелена, лозја и други култури.  

-Ние немаме бавчи за да наводнуваме со црево. На нас ни треба вода 4-5 бари притсок во каналската мрежа за да можеме да наводнуваме„ вели Николов.

Земјоделците од Овче Поле денеска добија и поддршка од оризопроизводителите од кочанско кои се пожалија дека и кај нив полињата буквално горат за вода. Пред два дена поради истиот проблем, протестираа и земјоделците од карбинско. На протестот поддршка дадода и функционери од ВМРО ДПМНЕ.