Американските сили го зајакнуваат военото присуство во сириски Деир ез-Зор

 – Американската Армија испрати конвој за засилување составен од скоро 50 возила во базите во источната сириска покраина Деир ез-Зор, која е окупирана од терористичката организација ЈПГ/ПКК.

Конвојот американски сили влегол во Ал Хасека вчера преку граничниот премин „Ал Валид“ меѓу Ирак и Сирија.

Конвојот составен од околу 50 возила, стигнал до базите на американските сили во полето за природен гас „Конико“ и нафтеното поле „Ал-Омер“ во регионите окупирани од терористите на ЈПГ/ПКК во руралниот дел на Деир ез-Зор.

Американските борбени возила „Бредли“ и други возила со погон 4×4 го придружуваа конвојот.

Во конвојот имало оклопни возила, цистерни со гориво и возила полни со муниција.

На 6, 8, 22 и 25 јануари, како и на 19 и 20 јуни и на 11 јули, американската Армија испрати засилување во американските бази и воени пунктови во градовите Рмелан, Тел Бејдар и Аш Шадади во Ал Хасека.

Од 2015 година, американските сили во Сирија обучија илјадници терористи на ЈПГ/ПКК во нивните воени бази во регионот под изговор за борба против тероризмот.

САД им обезбедуваа на терористите на ЈПГ/ПКК и огромни количини оружје и борбена опрема.

Во октомври 2019 година, за време на прекуграничната антитерористичка операција на Турција, операцијата „Извор на мирот“, американските сили се повлекоа од подрачјето за да го зајакнат своето присуство околу нафтените извори во североисточна Сирија.

Во Сирија владее граѓанска војна од почетокот на 2011 година, кога режимот на Башар ал Асад ги разби продемократските протести со неочекувана жестокост.