Уште една девојка жртва на групно силување: Ја намамиле тинејџерка во хотелот, ја вклучиле камерата, а потоа започнал хоророт

Група млади туристи се уапсени под сомнение дека групно силувале британска тинејџерка во Мајорка.

Пет туристи од Франција и еден од Швајцарија, наводно, со своите телефони го снимиле нападот што се случил во вторникот во хотел во Магалуф.

Според локалните медиуми, тие ја запознале девојката на забава, а потоа ја донеле во хотелот и групно ја силувале во собата.

Девојката тврди дека туристите ја силувале во една од нивните соби.

Медиумите пренесуваат дека таа некако успеала да побегне на улица, а чувар ја видел како плаче па повикал полиција.

Осомничените се уапсени и задржани се во притвор.

Детективите ја прегледале просторијата во која се случил нападот и снимиле снимки од влезот на хотелот со видео надзор, како дел од тековната истрага.

Лекарот ја прегледал жртвата и рекол дека нашол повреди на нејзините раце.

Да потсетиме, пред еден месец, група туристи, групно силувале девојка (20) откако била намамена во хотелска соба во Мајорка. Девојчето на плажата Палма запозна млад Германец (20).

Локалните медиуми објавија дека по неколку пијачки се бакнале и дека таа потоа отишла во неговата хотелска соба. Девојката мислела дека ќе бидат сами, но таму имало уште пет млади Германци кои биле многу пијани.