СУДИР НА ДВА ВОЗА ВО ИТАЛИЈА! Повредени 17 лица, спасувачите ги соопштија деталите (ВИДЕО)

Два воза се судрија вечерва на северот на Италија , при што во таа прилика се повредени најмалку 17 лица.

За среќа, сите 17 се со полесни повреди , соопштија од спасувачките служби.

Возот сообраќал меѓу Болоња и Римини, поточно меѓу градот Фаенца и општина Форли, објави противпожарната служба на социјалните мрежи.

Портпаролот на националниот железнички оператор Трениталија изјави дека судирот се случил со мала брзина и дека истрагата е во тек.

Фотографиите објавени од пожарникарите покажуваат дека два воза се судриле , но предниот дел на едната локомотива е речиси неоштетен.

Министерот за транспорт Матео Салвини , кој е и вицепремиер, рече дека ја следи ситуацијата и исто така потврди дека повредите се полесни.

Тој рече дека бара информации за тоа што се случило и за потенцијалната одговорност.

Видеото погледнете го ТУКА .