Хаос во Холандија! Навивачите на Ајакс почнаа да дивеат, судијата го прекина натпреварот (ВИДЕО)

Натпреварот меѓу Ајакс и Феенорд беше прекинат откако навивачите на домашната екипа направија хаос.

Фудбалерите на Ајакс не се во најдобра форма, а во дерби натпреварот против големиот ривал Феенорд губија со 3:0 во првото полувреме на домашен терен.

Навивачите не можеа да го издржат тоа, а почнаа да дивеат во 37. минута од натпреварот во арената Јохан Кројф.

Сè кулминираше со фрлање факели во теренот, а судијата Гузубујук им покажа на играчите да одат во соблекувалната.

Натпреварот сè уште е во прекин и не е јасно кога ќе продолжи средбата меѓу овие две екипи.

Ајакс забележаа само една победа од стартот на првенството. Тие се 13-ти на табелата и најверојатно ќе останат таму и по ова коло.