Софија Вергара објави слика во топлес! Поранешниот ја замени со 18 години помлада девојка, таа веднаш му покажала што изгуби (фото)

Медиумите јавуваат дека Софија ја објавила оваа слика откако дознала дека нејзиниот поранешен сопруг има помлада девојка.

Актерката Софија Вергара на својот Инстаграм профил сподели фотографија која предизвика бура на мрежите. Оваа фотографија, која сама по себе е доволно интригантна, привлече дополнително внимание на јавноста, кога светските медиуми овој потег го поврзаа со промени во нејзиниот љубовен живот.

Според „Hola.com“, актерката ја сподели оваа фотографија откако во јавноста одекна вестта дека нејзиниот поранешен сопруг сега е во врска со Кејтлин О’Конор.

Имено, 46-годишниот Џо е снимен како ја напушта теретаната со својата нова девојка која има 33 години, што би значело дека е 18 години помлада од Софија која има 51 година.

Да потсетиме, Џо и Софија објавија дека се разведуваат во јули оваа година, а само два месеци подоцна тој официјално поднесе барање за развод. Тој изјавил дека датумот на разделба бил 2 јули, а причина за разводот биле непомирливите разлики.

Поранешните сопружници немаат деца, а Софија има 31-годишен син од претходниот брак.