Последиците од уништувањето на браната може да ги почуствуваат сите во светот – на Украина и се заканува голема катастрофа: “Тоа ќе биде вистинска пустина…“

Министерството за земјоделство на Украина предупреди дека некогаш плодните полиња на таа земја до следната година би можеле да се претворат во пустина по уривањето на браната „Нова Каховка“, чиј резервоар сега го поплавува подрачјето на една од светските житници.

По пробивањето на браната, областите низводно од реките Днепар, вклучувајќи ги градовите Каховка и Херсон, брзо почнаа да се поплавуваат. Жителите кои живеат покрај реката Днепар мака мачат да преживеат по уривањето на браната, а Министерството за земјоделство идната година предвидува поголема катастрофа која ќе има глобални последици како последица на загубата на еден од најголемите акумулации во Европа.

Најмалку 500.000 хектари земјиште без наводнување може да се претвори во пустина. На југот на Украина поплавени се десетици хектари земјоделско земјиште.

Уништувањето на браната значи дека полињата на југот на Украина би можеле да се претворат во пустини веќе следната година“, се вели во соопштението.

Поради поплавите земјата може да загуби неколку милиони тони жито“, се вели во проценката на Министерството за земјоделство на Украина и се додава: „Без извор на вода е невозможно да се одгледува зеленчук. Житариците и маслодајните култури ќе се одгледуваат по екстремен модел со низок принос“, наведуваат тие.

Пред Русија да ја нападне Украина, овие системи, според властите, наводнувале 584.000 хектари од кои биле собрани околу четири милиони тони житни култури и маслодајни семиња. „Неколку пати повеќе земјиште ќе биде поплавено на левиот брег на регионот, кој во моментов е под окупација“, соопшти Министерството за земјоделство на Украина.