Пита со сирење која е готова за само 35 минути: Овој рецепт е „спас“ за секоја домаќинка

Понекогаш обврските ни се „прикачуваат“ на вратот уште од рано наутро и немаме време премногу да размислуваме за подготовката на храната.

Затоа „мрзливите домаќинки“ често им прават услуга на оние премногу вредните домаќинки со тоа што смислуваат брзи рецепти . Ова е рецепт за пита со сирење без кори, а тајната е паметно да ги соединиме состојките што ги имаме во кујната.

Состојки за пита:

  • 4 јајца
  • 200 гр сирење 
  • малку сол 
  • 3 дл јогурт – една шолја
  • половина чаша кисела вода
  • 300 гр брашно
  • 1 кесичка прашок за пециво
  • сирење

Подготовка на питата:

Рецептот е сличен на оној за макарони и сирење.

Скршете ги јајцата во сад и изматете ги. Потоа додадете малку сол во нив, а потоа сирење.

Во таа смеса додадете јогурт и кисела вода и измешајте. Додадете јогурт и минерална вода и повторно измешајте.

Додека ги додавате брашното и прашокот за печиво, изматете ја смесата. Кога ќе добиете густа смеса, можете да додадете малку шунка.

Вклучете ја рерната да се загрее помеѓу 180 и 200 степени.

Садот за печење премачкајте го со масло, па истурете ја смесата во него.

Печете во рерна 35 минути, а 3 минути пред да ја извадите питата премачкајте ја со сирењето и вратете ја во рерна да се растопи.

Пријатнен апетит!