Шок пред старот на Вимболдон! Најдобрата светска тенисерка се повлече од турнирот – поради болна причина таа мораше да ја донесе оваа одлука!

Тенисерката од ПолскаИга Швионтек, денес се повлече од турнирот во Бад Хомбург, Германија поради треска и можно труење со храна, на три дена пред почетокот на Вимблдон.

Во полуфиналето на овој турнир, Ига Швионтек требаше да игра против Италијанката Луција Бронзети, која без борба се пласираше во финалето.

Тенисерката број еден во светот на социјалната мрежа Инстаграм напиша дека имала „немирна ноќ“ и дека морала да се откаже од настапот во полуфиналниот натпревар.

Морам да се грижам за себе. Се надевам дека наскоро ќе бидам добро. Ми беше задоволство да играм овде и се надевам дека ќе се вратам“, напишала таа на кратко во својата објава.

Ига Швионтек на стартот на Вимблдон ќе игра против кинеската тенисерка Лин Жу.