Каевски: Мицкоски да одговори за договорите со Груевски и за барањата за амнестија

Внатрепартиските проблеми во ДПМНЕ очигледно се големи. СДСМ нема намера да се меша во меѓусебната пресметка во ДПМНЕ и анти-ЕУ кампот, истакна Дарко Каевски, портпарол и пратеник на СДСМ.

„Мицкоски да нè остави надвор од внатрешните поделби и сам да си ги решава кавгите во ДПМНЕ.

Особено што токму Христијан Мицкоски треба да одговори за договорите со Груевски.

Дали на овој начин Мицкоски ги прикрива барањата за амнестија на свои сопартијци поради незадоволство токму од него?“, прашува Каевски.

Според него, политиката на блокада на Мицковски е само копија на оригиналот и очигледно дека има структури во ДПМНЕ што не се задоволни од него.

За Никола Груевски, вели тој, нема да има амнестија и ќе биде уапсен во истиот моментот кога ќе стапне во земјата.

„Но, нема дилема дека Груевски сепак е вистинскиот лидер на ДПМНЕ и затоа Мицковски е толку нервозен.

СДСМ ќе направи сè и нема да дозволи Мицковски или кој било повторно да ни ја земе државата како заложник. Заедно со граѓаните и со проевропските политички партии, ќе продолжиме да се бориме за европска Македонија додека не ја достигнеме државната цел за членство во ЕУ“, соопшти Каевски.