Неверојатен потег на Роналдо! Ја купи фирмата која ја тужеше 11 пати! Португалецот испадна “голем фраер” – еве што им подари на работниците (фото)

Еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, Кристијано Роналдо, заплови во нови деловни води. Имено, славниот Португалец ја презеде медиумската компанија „Кофина медиа“ за која издвои неверојатни 57.000.000 евра.

Она што е особено интересно е фактот што Кристијано во минатото често имал несогласувања со споменатата компанија поради нарушување на неговата приватност, па дури 11 пати ги тужел.

Штом ја купи компанијата, Роналдо на своите работници им плати огромни бонуси. Секој работник доби чек во вредност од 1.250 евра, како форма на благодарност за посветената работа.

Кристијано Роналдо

„Вработените добија известување преку електронска пошта за исплата на бонусот. Тоа е знак на благодарност до сите кои се дел од оваа голема компанија“, пишуваат португалските медиуми.

Инаку, новинарите на „Кофина медиа“ често мораа по задача да го следат приватниот живот на Кристијано Роналдо, а сега тој одлучи да ја купи нивната компанија и да ги задржи сите вработени.

Сè остана исто, освен една работа:

,,Единствената промена е поврзана со името. Сега ќе се вика “Expressao Livre”. Ни е непријатно поради сето она што се случувало во минатото, но никој не се плаши да не остане без работа”, рекол еден од вработените и додал :

,,Знаеме дека често сме го малтретирале, со или без причина, но тој ја разбира нашата работа. Спортските новинари имаат особено среќа. Секој што мисли дека Роналдо ќе отпушти некого е во заблуда”, додал вработен во компанијата.