Аштен го загуби животот на 34-годишна возраст од срцев удар
Американската манекенка и ѕвезда на сајтот за возрасни „OnlyFence“, Кристина Аштен Гуркан , позната на пошироката публика како Аштен Џи, почина на 34-годишна возраст, откако доживеа срцев удар додека се опоравуваше од пластична операција.
Старлетата почина во болница, а нејзиното семејство отвори страница на која нејзините обожаватели и следбеници можат да донираат пари за да помогнат во собирањето средства за нејзиното последно почивалиште.
Погребот ќе се изврши следната недела, а досега се собрани околу четири илјади евра.
– Со длабока тага и скршено срце мораме да ја споделиме најтажната вест за смртта на нашата сакана, убава ќерка и сестра Кристина Аштен Гуркани – соопшти ужаленото семејство.
Семејството на старлетата добило вознемирувачки повик минатиот четврток, во 5 часот и 30 минути наутро, кога мистериозна личност извикала на телефонот „Аштен умира, Ашен умира!“, пренесува Дејли Мејл.
Инаку, Аштен Џи беше позната како љубител на најпопуларната старлета во светот Ким Кардашијан , а на социјалната мрежа Инстаграм ја следат над 600.000 луѓе кои секојдневно ја споредуваат со Кардашијан.