Почина девојчето кое беше тешко рането во училиштето Владислав Рибникар

На детската клиника во Белград утрово почина девојчето кое беше повредено во масакрот на трети мај во основното училиште Владислав Рибникар во Белград, потврди српското Министерство за внатрешни работи.

Девојчето кое беше најтешко повредено и почина на клиниката во Белград е десетта жртва во масакрот.

Како што соопштуваат надлежните пациентката со многу тешки повреди на главата опасни по живот беше згрижена во Универзитетската клиника, но починала утрово и покрај итната хируршка интервенција и сите преземени мерки на интензивна нега.

Министерката за здравство на Србија Даница Грујичиќ во свое има и во име на Министерството за здравство изрази сочувство до семејството на настраданото девојче.

Во масакрот на трети мај во училиштето Владислав Рибникар тринаесетгодишно момче, ученик во седмо одделение од тоа училиште со истрели од огнено оружје уби осум ученици и чувар во училиштето и рани наставничка и уште шестмина ученици меѓу кои беше и девојчето кое почина утрово.

ТРТ БАЛКАН