Почина девојче откако ѝ го извадиле млечниот заб! Добила анестезија на Клиниката па починала во безсознание

Тригодишно девојче почина при вадење заб под анестезија во стоматолошка клиника во рускиот град Твер.

Полицијата и обвинителството ги истражуваат околностите на трагедијата што се случи во понеделникот.

Родителите го донеле девојчето да и’ го извадат забот во една од специјализираните клиники. Таму на детето му била дадена анестезија, но по интервенцијата девојчето не се разбудило и итно е префрлено во локална болница.

За жал, лекарите не успеале да го спасат девојчето, таа починала во бессознание.

Полицијата покрена истрага, додека регионалното обвинителство ги чека резултатите од истрагата.

– Во текот на истрагата ќе се утврдат околностите и причините за инцидентот и ќе се испитаат дејствијата на сторителите. Ќе реагираме доколку има основа – соопштија од обвинителството.