ПОЧИНА ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ КОМПОЗИТОРИ НА ДЕНЕШНИЦАТА: Покрај музиката се занимаваше и со глума, а сцената ја делеше со легендарниот Дејвид Боуви
Еден од најголемите композитори на денешницата , Рјуичи Сакамото , почина на 71-годишна возраст, по долго и тешко боледување.
Големиот композитор почина на 28 март, иако веста за неговото заминување беше објавена дури денеска, пишува магазинот Форбс. Сакамото долго време боледувал од рак на ректумот, кој метастазирал на двете бели дробови.
Уште во јуни минатата година, Сакамото објави дека се бори со ракот, кој е „во четврта фаза“.
Рјуичи Сакамото е роден на 17 јануари 1952 година во Токио. На тамошниот Универзитет за применета уметност и музика дипломирал на отсекот композиција и етномузикологија. За време на студиите почнал да се занимава со музика.
Сакамото се прослави како основач на бендот, кој ќе влезе во аналите на електронската музика, Yellow Magic Orchestra. Важи за еден од пионерите на електронската музика, а има соработувано со бројни имиња, почнувајќи од Дејвид Силвијан до Јусу Н Дуро.
Тој глумеше во познатиот воен филм од 1983 година „Среќен Божиќ, господине Лоренс“ заедно со Дејвид Боуви и освои Оскар и Греми за неговата партитура за филмот „Последниот император на Кина“ од 1987 година.