Почина една од најсилните жени: Шок за цела држава, пренесена беше во болница, но лекарите не можеа да ја спасат (ФОТО)

Шампионката во бодибилдинг трагично почина на 36 години само неколку дена пред да учествува на натпреварот!

Синтија Голдани од Рио Гранде до Сул почина во средата од белодробна емболија, јавуваат локалните медиуми.

– Со голема болка и тага ве известуваме за смртта на професионалната атлетичарка Синтија Голдани од компликации поради пневмонија. Синтија беше ангел во човечка форма. На Бог му требаше засилување на небото. Никогаш нема да ја заборавиме – се наведува во соопштението на Musclecontest International.

Синтија Голдини

Синтија, која стана професионалец во 2021 година, требаше да присуствува на едно од најголемите натпревари во земјата следниот месец.

Белодробна емболија може да биде предизвикана од кревање тежина и напорни вежби, но организаторите рекоа дека во случајот на Синтија тоа е предизвикано од неодамнешна пневмонија. Локалните медиуми јавуваат дека таа итно била пренесена во болница, но набргу потоа починала.

Синтија редовно споделуваше мотивациони објави и објави со своите 21.000 следбеници на Инстаграм. Таа последен пат објави на Инстаграм на 17 јуни.

– Ние сме тоа што постојано го правиме, исклучителноста, значи, не е чин, туку навика – стои во соопштението.

Рони Колман, познатиот бодибилдер, да потсетиме, повеќе не може да оди поради неговиот долгогодишен животен стил.