ПОЧИНА ЕДНА ОД НАЈУБАВИТЕ ЖЕНИ ВО СВЕТОТ – Убавицата ја загуби битката со злобната болест која погодува се повеќе жени

Девојката која ја претставуваше својата земја на изборот за Мис на светот во 2015 година ја загуби битката со ракот на грлото на матката. Две години се борела со оваа опасна болест.

Летај високо, сестро. Секогаш и засекогаш“, напиша братот на поранешната мис на Уругвај во објава на социјалните мрежи.

Семејството и пријателите на Шерика де Армас се со скршено срце. Сочуство упатија многу јавни личности: „Таа беше една од најубавите жени што некогаш сум ги видела“. 

Семејството го поддржа и Лола де лос Сантос, која ја освои титулата Мис на Уругвај во 2021 година.

Шерика де Армас имаше 18 години кога учествуваше на светскиот натпревар за убавина во Кина во 2015 година. Таа беше единствената учесничка со толку години. Таа не влезе во топ 30, но беше истакнат нејзиниот потенцијал, воодушевувачка убавина, фигура и харизма.

На Шерика де Армас и беше дијагностициран рак на матката пред две години и помина низ многу третмани за да се спречи неговото ширење, но болеста се зафати и ја загуби битката.