– Рубен Даглас, кошаркар чие име некогаш се почитуваше ширум планетата, почина на 44-годишна возраст поради здравствени проблеми, соопшти неговото семејство, а веста потоа ја пренесоа клубовите чии бои ги бранеше.
Рубен Даглас е роден во Пасадена, Калифорнија на 30 октомври 1979 година. Во текот на кариерата во НЦАА ги бранеше боите на Аризона и Њу Мексико, а во 2003 година беше најдобар стрелец на НЦАА лигата.
Истата 2003 година се појави и на драфтот, но не стигна до НБА лигата, па а започна европската авантура.
Даглас играше за Паниониос, Динамо од Москва, Валенсија, Рома, Севиља, Усик од Турција, Фортитудо од Болоња.
Даглас, кој беше репрезентативец на Панама, со која играше на Светското првенство во 2006 година, со тимот на Динамо Москва ја освои титулата во Еврокупот.
Во финалето Динамо го победи Арис со 73:60, а Рубен Даглас беше МВП на последниот натпревар.