Почина кралот на казината и старосватецот на Аркан на свадбата со Цеца: Кој е Вук Вуковиќ, основачот и водачот на групата ,,Hell’s Angels” (фото)
Во Белград почина Вук Вуковиќ, поранешен сопственик на казиното „Лондон“. Вуковиќ бил добар пријател со Жељко Ражнатовиќ Аркан, а бил и старосватец на неговата свадба со Цеца.
Ражнатовиќ им бил кум на децата на Вук. Еден од синовите на Вук, Миљан Вуковиќ, неодамна беше виден на комеморацијата по повод 25-годишнината од смртта на Жељко Ражнатовиќ. Вуковиќ беше придружуван од Павле Бихали, водачот на движењето Левијатан.
Миљан Вуковиќ е поранешен лидер на озлогласената и контроверзна моторџиска група Hell’s Angels. Вториот син на Вук Вуковиќ е Мирко Вуковиќ, поранешното момче на пејачката Марина Вишковиќ.