Почина нобеловецот Џон Банистер Гуденау – научникот беше еден од креаторите на литиум-јонската батерија! Тој бил голем хуманист, а светот го напушти на 101 година
Американскиот научник Џон Банистер Гуденау, еден од креаторите на литиум-јонската батерија и добитник на Нобеловата награда за хемија во 2019 година, почина на 101-годишна возраст. Смртта на познатиот нобеловец ја потврди неговиот ученик Николас Грундиш, објави Indian Business Line.
Британско-американскиот научник Стен Витингем, кој ја доби Нобеловата награда заедно со Џон Банистер Гуденау, беше првиот што откри дека титаниум сулфидот може да послужи како катоден материјал за складирање на литиум, а Џон Банистер Гуденау го усоврши ова откритие со катода базирана на кобалт. Денес, литиум-јонските батерии првенствено се користат за мобилни телефони и електрични возила, а современиот живот е тешко да се замисли без нив.
Џон Банистер Гуденау беше професор на Универзитетот во Тексас, а во 2008 година ја објави својата автобиографија „Witness of Mercy“, која се занимава и со наука и со духовни теми.
Неговиот ученик Притам Синг го опишал починатиот научник како „прекрасна душа, голем хуманист, човек чија врата била секогаш отворена за сите за дискусија, совет и помош“