Почина познатиот актер од Теленовела! Сопругата ја потврди тажната вест, ненадејната смрт ги зави во црно! Многумина од вас го знаете! (ФОТО)
Познатиот мексикански актер Алфонсо Итуралде почина на 74-годишна возраст на 24 јули годинава.
Неговата сопруга, актерката Росалба Брамбила, на социјалните мрежи ја потврди тажната вест.
– Здраво, добро утро, денес сакам да соопштам дека Алфонсо Итуралде почина синоќа… И сакам да му се заблагодарам на нашиот Отец за неговиот живот и за прекрасните ќерки кои Бог ми ги даде преку него. Му се молам на Господ за целото семејство на Итуралда Авила. Нека ве исполни со својот мир и нека ве благослови Отецот – напишала познатата актерка и прикачила семејна фотографија, на која таа и тој позирале со децата кога биле мали.
Од актерот се прости и Националната асоцијација на актери.
– Националната асоцијација на актери длабоко жали за смртта на нашиот колега Алфонсо Итуралдео. Нашето сочувство до неговото семејство, пријателите и колегите. Почивај во мир – се наведува во соопштението на ова здружение – пренесува „Ел Паис“.
Алфонсо се стекна со слава во теленовели, каде најчесто играше споредни улоги. Првата значајна улога ја оствари во серијата „Домот што го украдов“, а нашата публика го памети по улогите во сериите „Марима“, „За твојата љубов“, „Другата жена“, „Љубовта е коцкање“, „Бунтовници“, „Грдо лето“, „Проколната убавина“, „Во име на љубовта“ итн.
Итуралде остави четири деца. Тој почина во Мексико Сити.