Вилбур Х. Џенингс починал во својот дом во Тилер, Тексас.
Негувателката на починатиот, Марта Шерод, изјави дека тој страдал од сериозни здравствени проблеми во последните пет-шест години.
Својата холивудска кариера ја започна во 1976 година, а една година подоцна го напиша хитот „Looks Like We Made It“ во соработка со Ричард Кер. Авторот на текстот за песната „My Heart Will Go On“ од филмот „Титаник“ почина на 81-годишна возраст, објави Hollywood Reporter.
#RIP Wilbur H. ‘Will’ Jennings (1944-2024), Amerikaans songwriter. ‘Higher Love’ – Steve Winwood, https://t.co/jXNaFfrMoC #TDIM pic.twitter.com/ApTfgFbWc0
— René (@AlbiYes) September 8, 2024
Тој беше примен во Куќата на славните на текстописците во 2006 година, речиси 10 години откако го освои вториот Оскар за песната од „Титаник“ испеана од Селин Дион . Својот прв Оскар го доби за музиката од филмот Офицер и господин и песната „Up Where We Belong“ во 1983 година.
Соработувал со уметници како Витни Хјустон, ББ Кинг и многу други. Песните за кои тој ги напиша стиховите се појавија во 325 филмови и телевизиски емисии.