Почина познат актер! Сите го паметат по улогите во сериите „Stranger Things“ и „Dynasty“

Марк Витерс, актер познат по улогите во сериите „Stranger Things“, „Dynasty“ и „Magnum“, почина на 77-годишна возраст по битка со рак на панкреасот.

Неговата ќерка Џеси Витерс ја потврди оваа тажна вест и сподели емотивни зборови за нејзиниот татко.

„Тој се соочи со својата болест со истата сила и достоинство што ги внесе во својата работа, создавајќи наследство на топлина, хумор и посветеност, со извонредна способност да ја направи секоја улога незаборавна“, рече таа во изјава за Variety во петокот.

– Трајниот талент и посветеноста на Марк кон индустријата ќе бидат запаметени со задоволство од колегите, пријателите и обожавателите.

Марк го играше ликот на лекарот Гери во првата сезона од популарната серија на Нетфликс „Stranger Things“.

Неговата прва голема улога беше во 1981 година кога го играше Тед Динард во серијата „Династија“, каде што му беше момче на Стив Карингтон.

Во текот на својата кариера, Марк имаше помали улоги во сериите како „Wonder Woman“, „The Dukes of Hazzard“, „Dallas“ и „Matlock“.

Од 1986 до 1987 година, тој се појави во осум епизоди на ,,Деновите на нашите животи.”

Пред да ја започне својата кариера во Холивуд, Витерс бил талентиран спортист, кој добил фудбалска стипендија на Универзитетот Пен Стејт.

Витерс ја остави сопругата Хаијан Лиу Витерс и ќерката Џеси Витерс, пишува Mirror.