Рејчел Чејс, инфлуенсерка од Нов Зеланд и мајка на пет деца, позната по своите мотивациски фитнес објави, ненадејно почина.
Бодибилдерката и фитнес блогерка Рејчел Чејс, која имаше повеќе од 1,4 милиони следбеници на Фејсбук, почина на почетокот на овој месец. Сè уште не е позната причината за нејзината смрт.
Работела како фитнес модел кој ги красела насловните страници на списанија најмалку 14 пати, а како инфлуенсер има понудено и онлајн фитнес менторство.
Вестта за нејзината смрт растажи многумина кои почнаа да се збогуваат со неа на социјалните мрежи, а се огласи и нејзината најстара ќерка Ана Чејс.
– Беше поддршка, љубезна и секогаш го имаше најдобриот совет за нас. Таа имаше голема амбиција и желба да успее и инспирираше милиони луѓе ширум светот. Неизмерно ми недостига и таа љубов никогаш нема да исчезне – напишала, пренесува Stuff.
Портпаролот на Министерството за правда ја потврди нејзината смрт.
– Со оглед на карактерот на смртта, во оваа фаза нема дополнителни информации – рече портпаролот.
Кит О’Конел, пријател на Рејчел, рече дека нејзината смрт била „ненадејна и неочекувана“ и дека таа била една од „најљубезните души што ги познавал“.
Во 2016 година, Чејс напиша статија за „Stuff“ каде што зборуваше за своето искуство напуштање на „токсична и навредлива“ врска во која западна откако се раздели од нејзиниот сопруг Крис Чејс.
Крис Чејс е осуден на 10 години затвор откако беше уапсен во 2012 година за неговата улога во дистрибуција на дрога слична на екстази низ Нов Зеланд.
– Врската во која бев ме научи многу работи за тоа што не сакам и од што треба да се држам настрана. Не страдав само јас, туку целото мое семејство“, напиша Чејс.