Почина учесничката на „Никогаш не е доцна!“ – Имаше магичен глас а жирито го оставаше без зборови

Весна Купрешак, учесничка на музичкиот натпревар „Никогаш не е доцна“, почина на 55-годишна возраст.

Пејачката од Пожаревац со години водеше битка со туморите на јајниците и матката, а до последниот здив жестоко се бореше со оваа опасна болест.

Откако дознала дека боледува од рак на јајниците и на матката, се подложила на агресивни терапии, но за време на престојот во болница се заразила и со корона, по што следувала вистинска борба за нејзиниот живот.

– Во мај 2021 година ми беше дијагностициран рак на јајниците и на матката, а веќе во јуни бев оперирана во Клиничкиот центар во Белград. Во болницата и јас се заразив со вирусот, па ме префрлија во Карабурма, инаку болница за ковид. Што да ви кажам, штотуку се оперирав и толку сум скршена. Сега почнувам нова борба. Осумнаесет дена се борев сама да преживеам, крвната слика ми беше многу лоша, нивото на железо ми падна, а после сите маки и борба ослабев дури 32 килограми – изјави Весна во нејзината исповед за Гранд.

Поради драстичната промена на тежината, ниту нејзините најдобри пријатели не ја препознале.

– Бев сосема друга личност, не само по дух туку и физички, а потоа следеше вистинска борба и духовно и за здравјето. Со месеци закрепнубав, па хемотерапија, 6 агресивни и 17 биолошки поради што косата ми опаѓа. Бидејќи не сакав да гледам како ми паѓа косата, сама си ја избричив главата – рече Весна.

Само една пропуштена контрола ја чинеше здравје.

– Ракот е многу подмолна болест, а превенцијата, поточно редовната контрола е сепак најевтината опција, тоа и саматљ го видов. До 2018 година редовно одев на прегледи, но следниот го прескокнав со изговор „Утре ќе направам“, а тоа утре траеше подолго. Дојде 2019 година и почетокот на пандемијата. Стомакот почна да ми отекува, па побарав мислење од интернист, а потоа и од гинеколог. Кога ја слушнав точната дијагноза, бев очајна, страв ми влезе и тонев во блага депресија – изјави еднаш Весна.

Весна беше учесник во втората сезона на натпреварот „Никогаш не е доцна“.