Доајенот на македонската фолк музика Атина Апостолова починала денеска на 77-годишна возраст во нејзиниот дом во Скопје.
Веста за нејзината смрт, како што пренесуваат дел од медиумите, ја објавила пејачката и нејзина блиска пријателка Вики Среброва, а објава на Фејсбук има и нејзината ќерка.
Атина Апостолова е родена на 20 мај 1946 година во Скопје, каде и дипломирала на Економскиот факултет. Таа ќе остане запаметена по големиот број хитови, меѓу кои „Ако грешам, грешна да сум јас“, „Пејте, пејте еј, мераклии“, „Усни румени“,„Цела вечер ќе ти пеам, а ти крши чаши“, „Верувај ми“…Минатата година ја доби наградата за животно дело на фестивалот „Тумба Фест” во Куманово.