Почнува нападот на Хезболах! Либанската армија ја напушта границата, Израел ги предупреди христијанските села да се евакуираат од можната линија на фронтот
– Војниците се повлекоа од позициите долж јужната граница на Либан со Израел на најмалку пет километри северно од границата – изјавил за Ројтерс извор од либанската безбедност.
Повлекувањето доаѓа во услови на зголемени индикации за неизбежен израелски копнеен упад во јужен Либан.
Либански воен претставник изјави за АФП дека либанската армија ги преместува војниците стационирани на јужната граница.
– Либанската армија ги репозиционира и ги регрупира силите на јужната граница по заканите за израелски упад во цели на Хезболах – рече претставникот.
Амал Ал-Хурани, градоначалничката на Марџ Ујун, либанско село претежно христијанско на помалку од 10 километри од границата, изјави за Ројтерс дека жителите наводно биле предупредени од израелската армија да ја евакуираат областа што е можно поскоро.
Американски функционер претходно потврди за CBS News дека Израел ги информирал САД дека има намера да изврши ограничена копнена инвазија на Либан. Официјалниот претставник нагласи дека нападот би можел да започне за неколку часа.