Почина поранешниот учесник на „Ѕвездите на Гранд“ на 26-годишна возраст

Мујо Хоџиќ, поранешен учесник на музичкото натпреварување „Ѕвездите на Гранд“, почина вчера на 26-годишна возраст.

Мујо зад себе остави семејство со скршено срце како и сопругата Лејла.

Таа и јавно се прости од својот сакан сопруг, преку својот профил на социјалната мрежа Инстаграм.

– Ме напушта душата, тој ми беше сè на светот – напиша Лејла со нивната заедничка фотографија.

Проштална порака му испрати Емир Ѓуловиќ кој на своето инстаграм стори ја објави фотографијата на Хоџиќ од натпреварот.

– Нека Алах ти подари рај. Искрено сочувство до семејството и остатокот од семејството – напиша Емир Ѓуловиќ кого го допре оваа тажна вест.