“ПОЈАСОТ ГАЗА НИКОГАШ ПОВЕЌЕ НЕМА ДА БИДЕ ЗАКАНА ЗА ИЗРАЕЛ!“ – Бенјамин Нетанјаху ги откри двете клучни цели во борбата против Хамас
Премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху, денес изјави дека по завршувањето на примирјето, Израел ќе ја продолжи офанзивата над Појасот Газа чија цел е уништување на палестинската милитантна група Хамас.
„Главните цели се елиминација на терористичката група која владее со Појасот Газа и враќање дома на сите заложници киднапирани на 7. октомври“, вели Бенјамин Нетанјаху во видео обраќање, пренесува Times of Israel.
Тој изјави дека приоритет е да се осигура дека енклавата никогаш повеќе не претставува закана за Израел.
„Последниве денови го слушам прашањето: Дали Израел ќе се врати на борбите откако ќе заврши оваа фаза на враќање на нашите заложници ? Мојот одговор е недвосмислен – главни цели се елиминација на терористичката група која владее со Појасот Газа и враќање дома на сите заложници киднапирани на 7. октомври“, нагласи Бенјамин Нетанјаху во видео обраќање.