Во последните шест месеци Манчестер Сити започна целосна ремонт на тимот за следните сезони и иднина, што значи дека легендите кои ја напишаа клупската историја од „Етихад“ си заминуваат од клубот.
Веќе по последниот преоден рок беше јасно што има намера раководството во Манчестер Сити. Сезоната за заборав го вклучи алармот, што значи дека доаѓа смена на генерации.
Во текот на зимата Манчестер Сити купи пет засилувања и сите се многу млади, а пред неколку дена беше потврдена суровата вест за Кевин де Бруин – тој е отпишан и нема да му биде продолжен договорот.
Можеби најголемата легенда на Манчестер Сити очекуваше продолжување на соработката, но тоа нема да го добие, па во емотивна изјава официјално се прости од Етихад по долги години доминација во која беше клучниот мотор на сите успеси.
Сега истото се случи и со друга клупска легенда. Бернардо Силва исто така го напушта клубот во текот на летото, објави Sky Sports.
Според новинарот на Sky Sports, Саша Таволиери, Сити го известил Португалецот дека тој не е дел од плановите за иднината и дека е време тој да продолжи понатаму.
Силва, кој во август наполни 31 година, е најблиску до трансфер во Бенфика, клубот во кој ја започна кариерата, но го привлекува вниманието и на бројни саудиски клубови кои со нетрпение го очекуваат расплетот на ситуацијата со Манчестер Сити.