По долго време Адријана Лима се појави во јавноста и шокираше со својот изглед: Никогаш не била послаба
Адријана Лима, која е позната како една од најубавите жени на светот, последните години е на удар на критики поради „вишокот килограми“ кои ги собра во последната бременост, а сега покажа дека ја усовршила својата фигура.
Адријана на светската премиера на филмот „The Thicket“ се појави во друштво на своето семејство.
Манекенката блесна во бел костум кој одлично и прилегаше. Иако е јасно дека манекенката се вратила на првобитната фигура, фановите сега тврдат дека претерала со ботоксот и филерите.
„Адри и нејзините пластични операции“, „Толку многу направи на себе“, „Ги крена веѓите и навистина се гледа“, „Не личи на себе“, „Сега е премногу слаба“, „Никогаш не била послаба “, се дел од критиките на социјалните мрежи.
Манекенката има три деца, последното е родено во 2022 година. После таа бременост таа беше мета на критики и негативни коментари кои, се чини, ја натераа манекенката да си ја врати тежината на моделот на Викторија Сикрет.