По Литванија, и латвиските власти го запреа летот на српскиот авион за Москва, во кој патуваше српскиот претседател Александар Вучиќ.
Латвиските власти му забранија на српскиот авион да лета над земјата поради, како што наведуваат, „политичката чувствителност на целта на летот“.
Инаку, литванските власти претходно го запреа летот поради „техничка и дипломатска чувствителност“, објавува „Телеграф“.
На словачкиот премиер Роберт Фицо му беше забрането да лета над Полска и Литванија, сè во обид да го спречат да учествува на одбележувањето на 80-годишнината од победата над нацизмот.
Помошникот на рускиот лидер, Јуриј Ушаков, претходно денес изјави дека рускиот претседател Владимир Путин ќе има билатерални разговори со српскиот претседател Александар Вучиќ на 9 мај.