По откажаната турнеја, Џеј Ло е видена на улица: „Нешто се случува“

Џенифер Лопез за прв пат по шокантната објава во која објавува дека наеднаш ги прекинува сите деловни активности, излезе на улица.

Таа беше забележана како излегува од студио за танц во Калифорнија, неколку часа откако ја откажа претстојната турнеја.

Поп-ѕвездата ја фотографираа папараците, а јасно се виде дека е тажна, бидејќи не сакаше ни да разговара со насобраните новинари.

Има многу коментари од обожавателите, а најчести се следните:

„Нешто се случува со неа“.

Случајно или не, нејзиниот наводен развод со Бен Афлек беше многу актуелен во последните недели.

„Ми се скрши срцето што ве разочарав. Ве молам знајте дека не би го направила ова ако не чувствувам дека е апсолутно неопходно. Ветувам дека ќе ви надоместам и сите ќе бидеме повторно заедно. Многу ве сакам сите до следниот пат“, напиша Лопез во потресната порака до обожавателите.