По победата Ѓоковиќ се сврте кон публиката и се фати за меѓуножјето (Видео)

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ повторно ќе игра во финалето на АТП Мастерс 1000 турнирот во Париз, откако во полуфиналето го совлада Русинот Андреј Рубљов со 5:7, 7:6 (3), 7:5.

Три часа и една минута траеше одличниот натпревар меѓу првиот и петтиот носител на турнирот во Париз. Беше тоа рамноправна и исклучително квалитетна борба во која Рубљов беше уште малку подобар до тај-брејкот од вториот сет.

Ѓоковиќ по големата победа ги шокираше гледачите во Париз. Најпрво мирно славеше, а потоа се фати за меѓуножјето.