По воениот пуч и преземањето на власта во Габон, Камерун и Руанда спроведоа нови именувања во своите национални војски.
Најстариот лидер во светот, 90-годишниот претседател на Камерун, Пол Бија, кој на оваа функција е 41 година, изврши нови именувања во Министерството за одбрана и во воениот персонал.
И претседателот на Руанда, Пол Кагаме, пензионираше голем број високорангирани лица во војската.
Наводно, двајцата лидери, кои се на власт многу години, се обиделе да преземат мерки со цел да спречат слична ситуација во своите земји по пучот во Габон.
Група високорангирани офицери на габонската војска се појавија на националната телевизија вчера рано наутро и објавија дека ја презеле власта во оваа централноафриканска земја.
Потегот следуваше веднаш откако изборниот центар на Габон потврди дека актуелниот претседател Али Бонго и официјално го освоил својот трет претседателски мандат, победувајќи на изборите одржани на 26 август со 64,27% гласови.
Воениот удар во Габон се случи еден месец по тој во Нигер.
Нигер е во криза по 26 јули кога генералот Абдурахаман Тчиани, поранешен командант на претседателската гарда, ја предводеше воената интервенција со која беше соборен претседателот по соборувањето на демократски избраниот претседател Мохамед Базум.
ТРТ БАЛКАН