Двегодишно дете почина: Мајката тврди дека паднло од лизгалка: Мистеријата за смртта на момчето во Италија, обдукцијата покажала нешто страшно

Италијанската полиција ја уапси мајката на двегодишното момче Маркус, кое почина во болница во Ливорно на 18 август од ужасните повреди со кои се здоби при пад.

Иако мајката првично тврдела дека детето двапати претходниот ден паднало од лизгалката, полицијата верува дека детето било фрлено од голема висина.

Мајката, чие име не е објавено, го донела детето во болница во Ливорно на 17 август, тврдејќи дека нејзиниот син се здобил со повреди при пад на игралиште од лизгалка.

Момчето со тешки повреди било сместено во шок-собата, но и покрај напорите на лекарите, починало.

Обдукцијата покажала дека момчето се здобило со повреди од пад од многу поголема висина, а мајката била приведена на 1 септември поради сомнение дека таа му ги нанела повредите на момчето.

Медиумите пренесуваат дека таткото и мајката на починатото дете се разведени, а момчето било кај мајка си во Ливорно.

„Приказната што ја раскажала мајката, а тоа е дека момчето два пати паднало од тобоганот на игралиштето во Тирнија, не се совпаѓа со неговите повреди“, соопшти полицијата.

Исто така, истрагата утврдила дека мајката на 16 август влегла со момчето во зградата и 11 часа подоцна излегла со него во раце.

На 17 август мајката требало да му го врати детето на таткото кој го имал старателството над момчето, а наместо тоа го однела Маркус во болница, каде момчето починало.

Полицијата ја уапсила во петокот, а во текот на следната недела треба да биде сослушана.